Тројца Грци осомничени за кражба на парфеми од продавница на преминот Богородица

 Тројца Грци осомничени за кражба на парфеми од продавница на преминот Богородица

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тие се сомничат дека на 12.09.2025 во периодот од 10:40 до 11:15 часот од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија утврдија дека тројцата заминале од местото со возило „тојота“, кое го управувал В.Б., а другите двајца биле сопатници. Во 21.30 часот на Граничен премин „Богородица“ е запрено возилото и при контрола во него се пронајдени одземените предмети.

Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.

Фото: архива

Share via
Copy link