Љафтов потпиша за вицешампионот на Кувајт
Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов во следната сезона ќе настапува за кувајтски Бурган, а примачот имаше и официјално претставување во новата средина.
По една година мината во редовите на грчки ПАОК каде соработуваше со селекторот на националниот тим Јошко Миленкоски, Љафтов се одлучи за промена и во новата сезона ќе ги брани боите на кувајтскиот вицешампион.
Репрезентативецот е веќе во тренажен процес и се адаптира на новите соиграчи.
Љафтов чии матичен клуб е македонскиот првак Струмица, во својата интернационална кариера има настапувано и во Бугарија, Србија, Турција, Италија, Хрватска, Кипар, како и Саудиска Арабија и ОАЕ.