Возачот на цистерната која се преврте и се запали вчера на патот Гевгелија-Богданци потешко повреден

 Возачот на цистерната која се преврте и се запали вчера на патот Гевгелија-Богданци потешко повреден

СВР Струмица денеска соопшти дека вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на местото „Шарен мост“, товарно возило „ман“ (цистерна)  со полуприколка со винички регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(42) од с.Јосифово, валандовско, се превртело на патот, а приколката се запалила.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Љ.В., констатирани во Општата болница Гевгелија.

Share via
Copy link