Сите кандидати се обврзаа на фер и демократски избори со потпишување на заеднички Кодекс

 Сите кандидати се обврзаа на фер и демократски избори со потпишување на заеднички Кодекс

Во духот на демократските вредности и подигнување на политичката култура, сите кандидати за претстојните избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Со овој чин, кандидатите се обврзаа на водење чесна, транспарентна и достоинствена изборна кампања, во која фокусот ќе биде ставен на натпревар на идеи, програми и визии за иднината на земјата.​

Потпис на Кодексот ставија:​

Марјан Даскаловски (СДСМ)

​Петар Јанков (ВМРО-ДПМНЕ)​

Драган Котуровиќ (Независен – група избирачи)​

Ристо Цасконоје (Независен – група избирачи)​

Со потпишувањето на документот, кандидатите заеднички ја потврдија својата заложба за почитување на изборниот процес и волјата на граѓаните. Тие се согласија дека политиката мора да биде пример за одговорност, а изборната трка треба да се води со меѓусебна почит и со почит кон секој граѓанин.​

Share via
Copy link