„Училишен Октоберфест“ во Струмица
В среда, во дворот на поранешен Дом на АРМ – Струмица, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе се одржи настанот „Училишен Октоберфест“, фестивал во духот на германската култура.
Октоберфест ќе биде збогатен со традиционална музика, храна, пијалоци, штандови и натпреварувачки игри, во кои ќе учествуваат ученици од основните училишта низ цела Македонија, а учество ќе земат и средните училишта. Воедно, како гости на настанот ќе бидат и претставници од Гете Институтот Северна Македонија и претставник од Централната служба за училишта во странство.
Настанот има за цел да ја доближи до учениците германската култура, традиции и обичаи преку активности и дружење во позитивна атмосфера.
-Ве очекува ден исполнет со традиционална германска музика, вкусни залачиња, забавни игри и – секако – мнооогу радост и смеа! Наместо кригли со пиво, ветуваме добро расположение, шаренолики активности и супер забава за млади и возрасни. За повеќе информации: https://mkdv.mk/nastani/oktoberfest.html, се наведува во поканата од организаторите.
Фото: организатори