„Фолклорна низа“ одржа едукативен час за учениците од ООУ „Видое Подгорец“

 „Фолклорна низа“ одржа едукативен час за учениците од ООУ „Видое Подгорец“

Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ одржа едукативен час со учениците од прво до петто одделение во ООУ „Видое Подгорец“,  на тема „Фолклорот живее меѓу нас“.

Учениците се запознаа со македонскиот фолклор кој е дел од нашето секојдневие и благодарение на него го чуваме нашиот идентитетот, ги негуваме традициите што не поврзуваат со минатото и се претставува земјата пред светот.

За време на едукативниот час со учениците се разговараше за фолклорот како народна уметност  која опфаќа песни, ора, носии, инструменти, приказни, обичаи и верувања.

Едукативниот час заврши со Македонско девојче и со едно големо оро.

Како што информираат од Фолклорна низа вакви едукативни средби со ученици ќе имаат и во другите основни училишта во општина Струмица.

Инаку, Здружението за ора и песни „Фолклорна Низа“ е формиарно во 2019 година со цел да се зачува, негува и презентира фолклорното творештво, народните обичаи, песни, игри, и носии преку кореографски постановки.

Во здружението членуваат над 120 членови од 7 до 77 годишна возраст кои успешно го презентираат македонскиот фолклор и традиција.

Изучувањето на фолклорното творештво се  одвива на организирани проби и предавања кои се одржуваат по однапред направен план и програма за секоја возраст во просториите на здружението во Дом на АРМ.

Фолклорот не е само игра!  Фолклорот е дружење, заеднички патувања, насмевка, пријателства, љубов и едно големо семејство!

Share via
Copy link