Даскаловски го призна поразот: „Струмица е поголема од сите нас“, му честиташе на Јанков

 Даскаловски го призна поразот: „Струмица е поголема од сите нас“, му честиташе на Јанков

Струмица – Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски, јавно ја призна изборната победа на неговиот противкандидат Петар Јанков и на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку својата изјава, тој упати честитки до победниците, но и благодарност до сите граѓани кои со години ја давале поддршката за визијата на неговата партија.

Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава во целост:

„20 години заедно ја менувавме Струмица чекор по чекор, со срце, визија и труд. Ви благодарам на сите што бевте дел од овој пат, на сите што верувавте, поддржувавте и придонесувавте. Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат. Голема благодарност до секој еден граѓаин кој го даде својот глас и ја сподели нашата верба во подобра Струмица. Струмица е поголема од сите нас.“

Оваа изјава доаѓа по вчерашните локални избори на кои заврши долгогодишното владеење на СДСМ во општина Струмица.

Share via
Copy link