Петар Јанков од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

 Петар Јанков од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

Петар Јанков од денеска и офиицијално е градоначалник на Струмица откако претпладнево од ОИК му беше врачено уверението и досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов му ја предаде функцијата.

Во изјавата за медиумите Јанков потенцираше дека во следниот период, како што било ветено во изборната програма, се посветува на чесна и посветена работа за Струмица.

Во одговор, пак, на новинарско прашање за првите активности кои ќе ги преземе Јанков одговори.

-Овие денови се планирани средби со директорите на јавните претпријатија, да поразговараме во каква ситуација сме и во кој правец ќе се движиме понатаму, рече Јанков.

Досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов, му посака успешна и плодна работа на Јанков.

–Јас денеска во мое лично име сакам да честитам на мојот политички наследник како градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, да му посакам плоден и успешен мандат, да му посакам многу храброст, истрајност и најважно од се трпение и автономност во одлуките коишто верувам и сум оптимист дека ќе бидат за доброто на сите во нашата Општина Струмица, рече Костадинов.

Share via
Copy link