Македонскиот одбојкарски шампион Струмица денес гостува во Букурешт во меч од Лигата на шампионите

 Македонскиот одбојкарски шампион Струмица денес гостува во Букурешт во меч од Лигата на шампионите

Македонскиот одбојкарски првак тимот на Струмица денеска ќе го игра вториот натпревар во Лигата на шампионите.

Струмичани гостуваат во Букурешт кај екипата на Динамо која е апсолутен фаворит во овој дуел. Впрочем, романскиот тим тоа го потврди и на првиот меч одигран во Скопје што го доби со 3-0 во сетови.

Струмичани на денешното гостување ќе се обидат да освојат што е можно повеќе поени, па можеби и сет. Тоа ќе биде непроценливо искуство за младите одбојкари кои ќе имаат и нов настап на европската сцена.

Имено, Струмица ќе продолжи во 1.коло од ЦЕВ купот, а за противник ќе го има тимот на Јухострој Чешке Будејовице од Чешка.

Овој двомеч би се игра во периодот од 11/13 ноември (дома), односно 18/20 ноември (на гости).

Share via
Copy link