Полициски билтен:двајца возачи од гевгелиско возеле „под гас“, физички напад врз полицаец, пожар на камион

 Полициски билтен:двајца возачи од гевгелиско возеле „под гас“, физички напад врз полицаец, пожар на камион

На 24.01.2026 во 22:35 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.П.(46) од с. Селемли, општина Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „волксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал О.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта. 

На 25.01.2026 во 01:43 часот на регионалниот пат 1109, Брана „Паљурци“, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Д.Т.М.(46) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.

На 24.01.2026 во 20.35 часот во село Смолари, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.М.(48) од село Дражево, струмичко. Тој околу 20.30 часот во село Смолари агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент физички нападнал и еден од нив. М.М. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 24.01.2026 во 23.30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка „шмиц“, паркирано во сервис за возила лоциран во близина на ул. „Моинско пат“ во Гевгелија. Од страна на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото во текот на денот ќе изврши инспектор за пожари и екипа на ОВР Гевгелија. 

Share via
Copy link