Градоначалникот Јанков им ги додели стипендиите на најдобрите ученици од основните и средните училишта

 Градоначалникот Јанков им ги додели стипендиите на најдобрите ученици од основните и средните училишта

Под мотото „Знаењето се вреднува, успехот се наградува“, синоќа, во Младинскиот центар се одржа свечен настан на којшто градоначалникот Петар Јанков им ги додели стипендиите на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“.

Изборот на најдобрите се изврши од пријавените ученици на Јавниот повик објавен на 05.12.2025 година за доделување на 23 стипендии на редовни ученици од средните училишта и 28 стипендии на редовни ученици од основните училишта во општина Струмица за наставната 2025/2026 година, а согласно Правилникот за доделување на стипендии на редовни ученици од основните и средните училишта во општина Струмица и по спроведената постапка од страна на Комисијата, највисоко рангираните пријавени кандидати се стекнаа со решение за добивање стипендија.

Стипендии во износ од 2.500 денари месечно во времетраење од девет месеци во учебната 2025/2026 година ќе добиваат 23 ученици од средните училишта и стипендии во износ од 2.000 денари за истиот период ќе добијат 28 ученици од основните училишта.

Покрај овие стипендии кои ги доделува општина Струмица, и Фондацијата „Нова Генерација“ додели дополнителни 10 стипендии за ученици од средните и 13 стипендии за ученици од основните училишта во истиот износ.

Share via
Copy link