Градоначалникот на Струмица оствари средба со амбасадорката на Грција

 Градоначалникот на Струмица оствари средба со амбасадорката на Грција

Градоначалникот Петар Јанков и денеска имаше уште една средба со претставник на димпломатскиот кор во државата, амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипиду, соопштија од локалната самоуправа.

Се истакнува дека на средбата се разговарало за можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво, како и за иницијативи кои можат да придонесат за развој на економската, културната и институционалната соработка.

-Беше истакнато дека струмичкиот регион има значајна географска позиција, имајќи предвид дека граничи со Република Грција и Република Бугарија, две земји членки на Европската Унија, што отвора дополнителни можности за прекугранична соработка, реализација на заеднички проекти и поврзување на институциите и граѓаните од регионот, се наведува во соопштението.

Share via
Copy link