Полициски билтен:сопруг и сопруга меѓусебно се пријавиле за напад, сообраќајќи кај Богданци и Дојран

 Полициски билтен:сопруг и сопруга меѓусебно се пријавиле за напад, сообраќајќи кај Богданци и Дојран

На 14.03.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34 годишен жител и 29 годишна жителка на тоа село, постапувајќи по претходни пријави според кои 29 годишната жена најнапред пријавила дека во домот била нападната од нејзиниот 34 годишен сопруг, а потоа и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настаните е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 14.03.2026 во 21:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Б.(52) од Богданци. Тој управувајќи патничко возило „опел“ на ветерен пат над Богданци, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Од преземените мерки било утврдено дека Б.Б. возилото го управувал под дејство на алкохол, односно има 1.99 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител од основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран“ патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link