„Здрава котлина“ бара од претседателката да не го потпишува ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ И ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Интегрално соопштение на „Здрава котлина“
Ова е моментот на вистината за претседателката. Како професор по уставно право и врвен правник, Gordana Siljanovska Davkova не може и не смее да ги затвори очите пред правниот монструм што вчера беше изгласан во Собранието.АПЕЛ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА: ПРАВОТО ПРЕД ПРОФИТОТ, НАРОДОТ ПРЕД ОЛИГАРХИЈАТА!
Почитувана претседателке Силјановска-Давкова, вчера во Собранието мнозинството пратеници го изгласа и потпиша сопствениот морален банкрот. Сега, Вие сте последната легална бариера помеѓу озаконување на корпоративниот апетит на „рударите на смртта“ наспроти животот на граѓаните. Како правник, знаете дека овој закон не е само еколошка бомба, туку и уставен преседан.
1. Правен аргумент: Суспендирање на приватната сопственост (Член 30)Овој закон овозможува концесионерот да добие дозвола за работа пред да го реши имотно-правниот спор со сопствениците на земјата. Ова е директна повреда на правото на сопственост загарантирано со Уставот. Државата со овој закон се става во служба на приватен (честопати сомнителен офшор) капитал, дозволувајќи му да гази врз туѓ имот без финална експропријација. Тоа не е владеење на правото, туку законски дивеење за што државата ќе плаќа (или на сопственикот или на концесионерот) а сериозни конфликти ќе се случуваат на терен поради правната несигурност на приватната сопственост.
2. Еколошки аргумент: Правото на здрава животна средина (Член 43)Уставот вели: „Секој е должен да ја чува и унапредува животната средина“. Со олеснување на процедурите за рудниците во плодните котлини, државата свесно го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на олигарси домашно и странски како оној со бугарска националност со капитал од Кајманските Острови ама со швајцарска маска. Ваша должност како претседател е да го заштитите овој колективен интерес.
ГЛАСОТ НА ЈУГОИСТОКОТ: СТРУМИЦА, ГЕВГЕЛИЈА, ВАЛАНДОВО И ПРИЛЕП СЕ МОБИЛИЗИРААТ!Ако овој закон биде потпишан, тоа ќе биде сигнал за општа мобилизација. Партиите кои во 2023 глумеа загриженост на плоштадите во Струмица, вчера го покажаа своето вистинско лице. Но, народот не е во хибернација:Струмица и Валандово: Не заборавајте на ветувањата! Ова е напад врз вашата егзистенција. Ако некој им даде дозвола за експлатација со која багерите тргнат кон Иловица и Казандол, тогаш патиштата во целиот регион ќе биде блокирани од илјадници семејства.
Во Струмица се случи да градот нема чиста вода два месеци поради манган во езерото Турија. Со рудник што ја бара водата од Турија може да замислете што ќе се случи, а за сите останати опасности за што зборувавме со години, беше потврдено од експерти, во МАНУ никој немаше одговори на поставените прашања, а сега е потврдено од сите модели на вештачка интелигенција. Е затоа ќе има народ на барикадите и нема назад!
Гевгелија: Вие бевте првите што кажавте „НЕ“ на референдум. Овој закон е обид да се поништи вашата демократска волја. Гевгелија и Кожув нема да бидат рударска јама! Премногу поминавме за да се откажеме и го препуштиме
Прилеп: Не дозволувајте под маската на „економски развој“ да ви го украдат правото на чист воздух и вода. Марко Цепенков од Ореовец не пишувал за рудници на смртта, туку за плодна земја. Без локална вода Прилеп е особено загрозен во годините што идат.
ПРЕТСЕДАТЕЛКЕ, ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВЕТОТО!Овој закон е донесен набрзина, без вистинска јавна расправа, со цел да се заврши „работата“ пред изборите во 2028 година. Политичките партии се расправаат за тоа чиј е „отровот“, но граѓаните не прифаќаат ниту грам отровна рударска прашина во својата храна и вода.Бараме од претседателката Силјановска-Давкова да застане на страната на Уставот и народот. Не го потпишувајте указот за овој закон! Не дозволувајте македонската земја да стане сопственост на офшор олигархијата додека земјоделецот се претвора во наемник на сопствената нива.
Доколку претседателката го потпише ова, таа го потпишува уништувањето на Југоистокот. Време е за масовен притисок – социјални мрежи, протестни писма до Кабинетот на Претседателот и подготовка за теренска акција.Не нè лажете со геополитички прикаски. Народот не го интересира дали капиталот е „западен“ или „источен“, дали газдата е член на руска академија или бугарски олигарх со седиште на Кајманските Острови.
Ете ви го за пример Цоло Вутов, со сите бои намачкан, ама правниот и безбедносниот систем на државата не може да се види и тој е сопственик на повеќе од 70% од Иловица-Штука во концесија што не добила дозвола за експлоатација од 2012 до 2026 иако максималниот законски рок е 4 години. Ова е тоа кога некои закони не мора да се почитуваат, ама ако е така зошто да се плаќа даноци ако селективноста е само привилегија на богатите што не им е гајле за другите???Отровот нема знаме и лева или десна идеологија. Идеолошката војна на социјалните мрежи што се виде во комисијата на парламентот и „анализите“ на рударското лоби на Плусинфо се само дефокус. Не е битно дали отровот е „патриотски“ или „демократски“ – тој ќе ги уништи подземните води и плодната почва без дискриминација а со тоа неповратно ќе ни ја уништи татковината!
Епа нема!Рудници нема да има!