Полициски билтен:ограбен стгрумичанец,сообраќајка во Василево, гевгеличанец возел со 1,88 промили алкохол

 Полициски билтен:ограбен стгрумичанец,сообраќајка во Василево, гевгеличанец возел со 1,88 промили алкохол

На 02.05.2026 во 04:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.Х.(27) и С.А.(40) и двајцата од Струмица. Во 04:00 часот во Полициската станица Струмица П.Ч.(49) од Струмица пријавил дека 03:00 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица две лица му упатиле закани со остар предмет и му одзеле пари. Полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.Х. и С.А. кај кои е пронајден и одземен ножот со кој го извршиле делото и паричните средства. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против С.Х. и С.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

На 01.05.2026 во 17:20 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Г.М.(22) од село Василево, струмичко и патничко возило „фолксваген“ со германски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од село Владевци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Г.М., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.Т(21) од село Василево, струмичко. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

На 01.05.2026 во 23:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.Х. (41) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал П.Х. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.88 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Share via
Copy link