Струмичанецот Митко Иванов освои второ место на престижен натпревар за спа, велнес и физиотерапија

Спа и Велнес Асоцијацијата на Македонија (СВАМ) оствари значаен меѓународен успех, откако нејзиниот претставник освои второ место на престижен натпревар за спа, велнес и физиотерапија, одржан на 25 и 26 април во Сараево.

Во конкуренција од 140 учесници од Балканот и поширокиот регион, Митко Иванов се закити со високото второ место, потврдувајќи го квалитетот и стручноста на македонските професионалци во оваа област.
На натпреварот во својство на меѓународен судија учеатвуваше и Александар Мендов од СВАМ.
На меѓународниот шампионат, Македонија беше претставена и од Васил Бабулов, кој заедно со Иванов достоинствено ја презентираше земјата. Двајцата натпреварувачи, по потекло од Струмица, се дел од едукативниот центар на СВАМ со седиште во Гевгелија.

Со овој успех, македонското знаме се најде на победничкиот подиум, а резултатот се оценува како значаен чекор напред за развојот и афирмацијата на спа и велнес индустријата во земјата.
Од СВАМ информираат дека асоцијацијата продолжува со упис на нови кандидати за стекнување сертификат верификуван од Министерството за образование и наука, како и со подготовка на идни натпреварувачи за претстојните меѓународни натпревари.