ЖФК Тиверија Брера го освои фудбалскиот Куп на Македонија со убедлива победа во финалето
ЖФК Тиверија Брера го освои фудбалскиот Куп на Македонија со убедлива победа во финалето

Екипата на Тиверија Брера го освои трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако попладнево со убедливи 5:0 триумфираше во финалниот натпревар одигран на стадионот во Ѓорче Петров.
Струмичкиот состав забележа супериорна игра и доминираше во текот на целиот натпревар, не оставајќи простор за изненадување и соопштувајќи го својот квалитет за апсолутно заслужен пехар во националниот куп.
Победникот во женска конкуренција ја отвори серијата на финални натпревари во националниот куп. Освојувачите на трофејот во останатите категории ќе бидат комплетирани во текот на наредните десетина дена.
Кулминацијата на куп-натпреварувањата ќе биде големото финале во машка сениорска конкуренција, во кое за титулата ќе се борат екипите на Силекс и Шкендија.