НЕОПХОДНОТО ОД НАРОДНИ ПАРИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВ,НО ДАЛИ СЕ КОРИСТИ ЗА КРЕВАЊЕ РЕЈТИНГ И ПОКРИТИЕ НА НЕШТО ШТО СЕ ВИКА ПОГРЕШНИ ПОЛИТИКИ И СИРОМАШТИЈА !

Пишува: Ванчо Тркалевски
Неодамна, пред некое време имавме проект, кој Влада на Република Северна Македонија, го нарече како 35 години независност. Гледавме концерти диџеи од светски ранг и на крајот, како цреша на шлагот од тортата, го видовме, она спектакуларно парадно збиднување на светски познатиот д-џеј Дејвид Гета. И сето тоа во ред, но дојде времето за отчет нели, бидејќи парадни збиднувања од ваков ранг треба некој и да ги плати, па премиерот запрашан колку буџетот го чинело сето тоа даде еден малку невообичаен одговор: Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека прославата за 35 години независност ги чинела граѓаните и државниот буџет точно нула денари.
Овој одговор покрена многу недоследности, но и не одговори на многу прашања. Набргу после оваа изјава партијата СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и новинарите открија дека се потрошени пари, кои Лотарија на Македонија, требало да ги исплати за дивидендата (своја непосредна добивка )за 2024 година.
Колку исплати Државна лотарија?Лотарија исплати точно 300 милиони денари (околу 4,9 милиони евра). Средствата беа префрлени преку јавен повик на сметката на продукцијата („Авалон“ / „Стардаст“) задолжена за организација на музичките настани и концерти.
Колку изнесуваат вкупните средства?
Вкупниот буџет потрошен за реализација на сите 18 настани во 13 градови изнесува 340.509.749 денари (или околу 5,53 милиони евра).• Кој ги надополни преостанатите средства?Разликата од околу 40 милиони денари (околу 650.033 евра) ја надополнија приватни општествено одговорни компании преку донации.Владата и Државна лотарија во своите извештаи нагласија дека за манифестацијата се потрошени нула денари директно од државниот буџет. Сепак, во јавноста и од опозицијата се појавија критики дека бидејќи Лотарија е акционерско друштво во стопроцентна сопственост на државата, нејзината добивка по автоматизам му припаѓа на сопственикот, што значи дека де факто се потрошени јавни (народни) пари.
Откако помина оваа работа, силите на мегданот во Брвеница, требаше да си ги измерат, политичките партии од кои најмногу гласни беа , СДСМ И ДПМНЕ, кои овде сакаа да си ги видат своите рејтинзи, иако во целина општина Брвеница, се смета како дпмневска општина. Се случи и тоа чудо и во неделата на 18 октомври, општина Брвеница гласаше за избор на градоначалник ! Првичните официјални резултати од предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница беа објавени од страна на Државната изборна комисија (ДИК) на 19 октомври 2026 година, ден по гласањето кое се одржа на 18 октомври 2026 година. Изборите беа организирани по ненадејната смрт на претходниот градоначалник, Јовица Илиевски.Според комплетно обработените податоци од сите 24 избирачки места, излезноста изнесувала 46,58% (гласале вкупно 7.572 граѓани).Резултати од гласањето по кандидати:Кандидат Партија / Коалиција Освоени гласови ПроцентСтојанчо Радически ВМРО-ДПМНЕ (Коалиција „Твоја Македонија“) 2.945 38,89%Аркин Јахији НАИ (Национална алтернатива за интеграција) 2.152 28,42%Јакуп Хусеини Коалиција ВЛЕН 1.529 20,19%Јовица Радески СДСМ 706 9,33%Душан Богдановски Група избирачи 55 0,73%Арифе Идризи Група избирачи 21 0,28%Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство во првиот круг, во согласност со изборните правила, во вториот круг на изборите продолжуваат Стојанчо Радически (ВМРО-ДПМНЕ) и Аркин Јахији (НАИ)-НАИ најчесто се однесува на Национална алијанса за интеграција, македонска политичка коалиција предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Разликата помеѓу Дпмне и Сдсм беше очигледна , но земајќи го обзир, фактот дека е традиционална #дпмневска општина и дека за само една година растот на гласовите на Сдсм, драстично се зголемил а на Дпмне опаднал, се отвара прашањето каква порака и се испраќа на власта и на нејзините досегашни политики ?
Инаку изразено во проценти тоа би изгледало вака : • ВМРО-ДПМНЕ (Стојанчо Радичевски) во 2026 година освои 2.943/2.944 гласови, додека во 2025 година партијата за својот кандидат имаше освоено 3.388 гласови.• СДСМ (Јовица Радески) во 2026 година освои 706 гласови, додека на изборите во 2025 година за кандидат за градоначалник имаше освоено 481 глас.Директна споредба (Гласови и проценти на раст/пад)Политичка партија Избори 2025 (гласови) Избори 2026 (гласови) Процент на освоени гласови (2026) Промена во поддршката (2025 vs 2026)ВМРО-ДПМНЕ 3.388 2.943 / 2.944 38,90% Пад за 13% во вкупниот број гласовиСДСМ 481 706 9,33% Раст за 46% во вкупниот број гласови .
Денеска, гледам по социјалниве мрежи како на големо се пишува. “Парадираат нови амбулантни возила низ градот”. Гледајќи ја таа слика која еве, на прв поглед, како граѓанин ја поздравувам, бидејќи се работи за народни пари и нешто кое е неопходно за нормалното функционирање на секојдневието а е во полза на граѓаните, се разбира, со нивни разумно потрошени пари. Од друга страна, пак, на сета оваа радост, гледајќи како сето ова се промовира и се прави, како да ние сме успеале да направиме некој прв чекор во историјата, да кажеме, сме откриле некоја нова планета или сме иапратиле сонда, за прв пат да истражува за нов живот во вселената, се прашувам себеси?? Добро, ако во државата, секој доктор бара начин како да ја напушти и да оди во друга држава да ги понуди своите способности и услуги, ако народот ни трпи и едвај сврзува ден за ден со 26.040 денари минималец, ако немаме функционални институции, културата ни е доведена на дното, и на крајот на денот, ако здравството ни е пред колапс и доведено во ситуација за да си велиш: ,,Не дај Боже на доктор да одам, тогаш чуму, овие пак, би ги нарекол “помпезни парадирања” со неопходни амбулантни возила за нормално функционирање и купени со наши народни пари?!
Ако државата ни се задолжува насекаде, ако јавниот долг на Македонија заклучно со крајот на вториот квартал од 2026 година изнесува 10,73 милијарди евра, што претставува 58,8 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), според податоците од Министерството за Финансии, зошто оваа политичка пропаганда на грбот на народот или парада со #народни#пари? Одговорот е едноставен: Гледајќи го секојдневието, одејќи помеѓу народот, слушајќи го неговиот лелек, и на крајот, надоврзувајќи се на она што го кажав погоре рејтингот на #дпмне опаѓа власта се тресе и стравот од појавувањето на трета #независна политичка сила се зголемува. Нивната #пр служба овој пат сето ова кое се случува на терен, одлучи да го покрие со оваа најава за набавката на 100 амбулантни возила, кое е за #поздрав пак ќе речам, но дали треба и мора вака, сето тоа да го претстави во период кога #доктори ни протестираат со глад на улица, кога младите кадри ни одат во странство, кога немаме елементарни услови во болниците?На крајот од денот, еден мој добар пријател и познавач на политичките збиднувања ми вели : ,,Ванчо, да, тие купија 100 амбулантни возила , што е за нив тоа, кога се даваат по 5.5 милиони евра за непотребни прослави, ама тоа нема да ја поправи сликата на теренот, бидејќи се плашам да не бидеме доведени во ситуација, да има возила и да, секако, тоа секој го знае, партиски војници-шофери кои ќе ги возат, ама да нема доктори, кои ќе одговорат на потребите па така ќе си имаме 100 амбулантни возила опремени со шофери ама без доктори! Ете, од тоа најмногу се плашам, ми вели, настрана другите работи како што е начинот на промовирањето на возилата. Господа од власта, посебно упатувам апел до тебе премиере #Христијан#Мицковски, нит амбулантните возила ќе ги исперат вашите грешки, ниту пак ќе не направат пофункционална, побогата држава, со владеење на правото и каде правдата и законот важат еднакво за сите! Вашето помина!
Мојата порака до Вас е:
Честитки уште еднаш за амбулантните возила, ама еден потег не Ве прави конструктивна власт. Дајте да се соочиме со народот на #избори и да видиме на каде ќе ни оди државата а секако мојата визија е да оди во конструктивност и напредок со членството во #Европската#Унија !