Се асфалтираа улици во Костурино, Свидовица и Раборци

-Во три населени места со прв слој асфалт се асфалтирани три улици.Во Свидовица е ставен асфалт на улица во должина од 150 метри, во Костурино на улицата пред црквата во должина од 80 метри и во Раборци е ставен нов асфалтен слој на улица во должина од 90 метри, соопштија денеска од Општина Струмица.
Се додава дека овие зафати се реализирани со средства од општинскиот буџет во вкупен износ од 1.428.316 денари.