Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Кадети-риболовци од СРРК „Крап“ од Радовиш учествуваа на државното првенство „У 15“ во Дојран
Со почитување на сите безбедносни мерки и протоколи дечињата- кадети во Категоријата „У 15“ го започнаа првото натпреварување во Спорски риболов оваа година.
Натпреварот се одржа во саботата и недела на кејот на Дојранското езеро, а учествуваа шест екипи од градовите Радовиш, Велес, Струмица, Кавадарци, Охрид.
Оваа беше прво натпреварување во некој спорт воопшто на некоја екипа или категорија на спортисти од нашиот град Радовиш во оваа сезона од кога се донесени мерките за претпазливост, заштита од ширење на вирусот.
Нашите кадети кои за прв пат учествуваа на вакво натпреварување имаа одличен настап покажувајки дека со интензивни тренинзи и учење на дел од техниките на спортскиот риболов можат да постигнат значајни успеси во следниот период.
За три часа натпреврување првиот ден најмногу улов имаше Атанас Ципушев со уловени 1,995 гр. Вториот натпреварувачки ден Коки Иванов имаше улов од 2,375 гр. Никодим Геговски и двата натпреварувачки дена според ждребувањето беше во А зоната каде што имаше послабо присуство на риба и помали количини на улов.
Благодарност до нашите млади Кадети кои зедоа учество на оваа натпреварување, од страна на организаторот и спонзорите за секој учесник-натпреаврувач имаше скромна награда и благодарница за учеството.
Први екипно беа натпреварувачите од Бабуна, Велес, второто место го освоија Св. Апостол Павле од Охрид, трети Оскар од Кавадарци.
Соопштение на СРРК „Крап“ од Радовиш