Лекар во Гевгелија нападнат од возач на Итна медицинска помош
Лука Костиќ е најново засилување за Џио Струмица
Во исклучително активниот преоден рок, по ангажманот на неколку докажани играчи, Џио Струмица ги обезбеди услугите и на Лука Костиќ – најперспективниот македонски одбојкар, којшто минатата натпреварувачка сезона ја мина во Црна Гора, во дресот на Будуќност. Костиќ лани беше на поширокиот список на селекторот Никола Матијашевиќ за настап на Европското првенство во групата во Љубљана, а редовно играше и во нашите младински национални состави, по што се очекува да добие статус стандарден сениорски репрезентативец веќе во претстојните квалификации за наредниот континентален собри во 2021.
Неговиот потпис за Џио Струмица ќе значи дополнително засилување на позицијата примач кај најуспешната македонска екипа во последната деценија, што е особено значајно пред сезоната во којашто клубот сака двојна круна на домашната, како и достоинствен настап на меѓународната сцена. Струмичани годинава решија да се вратат во европските натпреварувања, по што го добија кипарскиот тим Омонија од Никозија за противник во шеснаестинафиналето на Челинџ купот на ЦЕВ. Евентуален успех во тој двомеч може да донесе соочување со турски Зират.
Извор:Одбојкарска федерација на Македонија