fbpx

Објавиле снимка од роденденска журка, заработиле кривична од полицијата

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36)  и Д.К. (44) и двацата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично  дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, соопшти денес СВР Струмица

Имено на 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица,  организирале роденденска прослава на првопријавениот на која присуствувале повеќе лица при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на  Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Од организираната роденденска прослава на која присуствувале повеќе лица, второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини  ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.

Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link