fbpx

Академија Пандев ги скроти „лавовите“ и е првиот финалист во Купот на Македонија

 Академија Пандев ги скроти „лавовите“ и е првиот финалист во Купот на Македонија

Академија Пандев е првиот финалист во Купот на Македонија откако денеска славеше со 3-1 на гостувањето против Македонија ЃП. Пандевци први поведоа со голот на Ферати, кој подоцна заради груб старт, доби црвен картон.

Иако Македонија ЃП вршеше силен притиок, Академија Пандев стигна до ново водство, преку пенал. Репрезентативецот Марјан Радески успешно го реализираше, откако врз него беше направен фаул од страна на Божиновски.

Напнатоста и желбата за погодок ги направи нервозни „лавовите“ и во 60. минута Китановски доби црвен картон. Точка на мечот (3-1) стави повторно Марјан Радески, во 93 минута преку удар од 11 метри.

Пандевци се актуелни бранители на трофејот во ова натпреварување, а ќе се сретне со подобриот од мечот Струга ТЛ – Силекс што ќе се игра утре.

Share via
Copy link