fbpx

Средба на директорот на „Комуналец“ со претседателот на Сојузот на синдикатите

 Средба на директорот на „Комуналец“ со претседателот на Сојузот на синдикатите

Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Струмица Зоран Горгиев кој воедно е претседател на Здруженито на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија АДКОМ, одржа работен состанок со Дарко Димовски претседателот на Сојузот на Синдикати на Република Северна Македонија ССМ и претседател на Синдикатот на комуналните работници на Република Северна Македонија СУТКОЗ.

На состанокот беше присутен и Бранко Георгиев, раководител на секторот Комунална хигиена при ЈПКД „Комуналец“ Струмица и регионален синдикален секретар.

На работниот состанок се разгледуваше предлог текстот на Колективниот договор за комуналните дејности изготвен од СУТКОЗ кој во најскоро време се очекува да биде потпишан од АДКОМ , со кој се уредуваат и унапредуваат правата на комуналните работници во државата. Исто така се разговараше и за потребата од заеднички настап на СУТКОЗ и АДКОМ за добивање приоритетната листа за вакцинација на комуналните работници кои во изминатиот период во време на пандемија не се штедеа и вложуваа максимални напори за обезбедување на навремени услуги преку отстранување на отпадот контаминиран и со Ковид – 19 како и санирање водоводните и канализационите дефекти.

Share via
Copy link