fbpx

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на Сесловенските просветители

 Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Денот на Сесловенските просветители

Почитувани сограѓани,   

Денес   одбележуваме   голем   празник. Денес ги чествуваме Сесловенските просветители – солунските браќа Св. Кирил и Методиј.Тоа се Апостолите кои ја изумиле глаголицата како писмо-темелник врз кој е „изградена“  кирилицата од страна на нивните ученици. Тоа се вредните мисионери кои во 9. век ги ширеле христијанството и писменоста меѓу Словените од Голема Моравија и Панонија, а како резултат на таа нивна мисија и на сите нивни дела, денес се слават како заштитници на Европа.

Треба со гордост и достоинство да ги славиме нивните животи и дела, бидејќи Св.Кирил и Методиј се сејачите од кои ги береме плодовите на нашата писменост. 

Нека ни е честит и вековит 24.   Мај – Денот на Сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј.

Share via
Copy link