fbpx

Академија Пандев подели новогодишни пакетчиња на најмалите фудбалери

 Академија Пандев подели новогодишни пакетчиња на најмалите фудбалери

Традиционално, како и секоја година, последен клубски настан е делењето на новогодишни пакетчиња за најмалите фудбалери во клубот.

-Дедо Мраз подели преку 100 пакетчиња и со тоа ги заокруживме активностите за 2020 година. Иако поради вирусот дружбата беше поскромна и годината ќе ја испратиме без вообичаената групна фотографија, сепак најважно е дека радоста кај сите дечиња беше огромна. Академија Пандев ви посакува среќни празници, многу здравје и со надеж дека наредната година ќе ви биде многу поуспешна од оваа!, стои во објавата на „пандевци“.

Share via
Copy link