Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Ангов поканува на најголема еколошка акција за чистење на крајбрежието на Дојранско Езеро
-Како што најавивме претходно, Ве известуваме и Ве покануваме на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежјето на Дојранското Езеро. Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова исто така да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека Хидросистемот мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање, објави денеска градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
-Официјално од општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада.Затоа сите заедно сплотени без било какви поделби да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер Дојранското Езеро!Ве очекувамена 09.11.2024 година во 09:00 часот, Плоштад “Под Јаворите” Стар Дојран, напиша градоначалникот на Дојран.
Фото: архива