19-годишник тешко повреден во сообраќајка во струмичко

Вчера во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Д.К. од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот С.С. од село Банско, […]

Брера ја запиша првата победа на подготовките во Банско

Македонскиот прволигаш Брера Струмица го забележа првиот триумф на подготовките во Банско. Денеска струмичани со 2-1 славеа во соочувањето соХапоел Ерусалим. Момците на Круњ победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кога ги постигнаа и двата гола. Резултатот го отвори Ристовски во 35. Минута, а пред крајот на полувремето погоди Ивковиќ. Брера пред да замине за […]

Избувна пожар на Евзони, границата e затворена!

Избувна пожар кај граничниот премин за влез во Грција. Според информациите граничниот премин е затворен. Членовите на фејсбук страницата „Грчка инфо“ велат и дека е затворен дел од автопатот Атина – Солун. Од МВР известија дека е затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот.-Министерството за внатрешни работи ги известува […]

Полициски билтен:потешко повреден мотоциклист, женска тепачка во Струмица

На 16.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, на место викано „Бабик“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од село Банско. […]

Владата постави нови директори на повеќе институции

Владата на Република Северна Македонија вчера на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда. Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во […]

Одбојкарите на Струмица за противник во ЛШ го добија грчкиот

Македонските одбојкарски шампиони во машка конкуренција, екипата на Струмица , го дозна противникот за првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Струмица ќе игра против грчкиот тим на Олимпијакос и ќе бидат домаќини на првиот меч во периодот од 17. до 19. септември, додека реваншот ќе се одигра на гостински терен во […]

Се прошири пожарот на Огражден

Пожарот на Огражден, над селото Бадилен, кој гори веќе осум денови од синоќа се проширил, односно се префрлил на западната страна на планината. И денеска пожарот го гаснат два хеликоптери-еден српски и еден турски, како и припадници на ТППЕ Струмица и локално население. Фотографиите се од пожарникарот Атанас Чавковски од местото „Долгите борови“.

Полициски билтен:син нападнал татко во валандовско село, пожар во помошна

На 15.07.2024 во 21.00 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово лишиле од слобода 24-годишен жител на валандовско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.30 часот во нивниот дом во Валандово физички го нападнал неговиот татко. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и по документирање на случајот […]

Гевгеличанец потешко повреден откако со автомобилот излетал од автопатот

СВР Струмица соопшти дека вчера во 06:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, Д.Т.(19) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и со возилото излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.  Увид […]