Уапсен гевгеличанец, се сомничи дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско
СВР Струмица соопшти дека на 28.07.2024 во 20:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.М.(26) од Гевгелија. Тој се сомничи дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско, при што ѝ дал да користи марихуана.
Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени грендери и други предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.