На 24.10.2025 во 17:45 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Д.В.(47) од село Добрејци. При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана. Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор. Запознаен е јавен […]
-Ви благодарам на поддршката којашто ја добивме во првиот круг. На 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места, истакна Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на општина Валандово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот мини митинг одржан во Валандово. Камчев истакна дека во наредните 4 […]
Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев вели дека не им е лесно на колегите во Северна Македонија. Не сакаат да слушнат за внесувањето на Бугарите во уставот, а половина од нивните семејства – Барабар со браќа, сестри, зет и Бајенаци – веќе имаат бугарско државјанство, напиша на својот Фејсбук профил Ковачев. „Најбитно, ова […]
Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, […]
Во конкуренција од 54 театарски претстави за деца и млади, нашите млади струмички актери се најдоа во десетте селектирани претстави на годинешното 15. издание на Меѓународниот фестивал „ДОПС“ и синоќа ја претставија Струмица и нашата држава во најдобро свелто. -Нашите млади маестрално ја одиграа претставата, а громогласниот аплауз на крајот од претставата и зборовите на […]
Вчера во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци, соопшти МВР. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето […]
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во општините Босилово, Ново Село и Василево обезбедија убедливи победи уште во првиот изборен круг од вчерашните Локални избори. Актуелните градоначалници Ристо Манчев и Славе Андонов ја задржаа довербата на граѓаните, додека Ѓорѓе Божинов ќе биде нов градоначалник на Ново Село. Во Општина Босилово, актуелниот градоначалник Ристо Манчев го продолжи […]
Блаже Шапов, кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник на Општина Богданци, ја освои довербата на граѓаните за уште еден четиригодишен мандат, победувајќи во првиот круг од локалните избори. Според првичните резултати, Шапов освои 1.989 гласови, или 50,03% од гласовите, со што обезбеди победа пред неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Пеев, кој доби поддршка […]
Поранешниот градоначалник на Струмица и висок функционер на СДСМ, Костадин Костадинов, упати остра и директна критика до раководството на партијата, повикувајќи на итна одговорност и оставки по, како што го нарече, „изборното цунами“ и „тешката брука“ на локалните избори. Костадинов, чија општина важеше за бастион на СДСМ, го честиташе резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, но вината за […]
Струмица – Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски, јавно ја призна изборната победа на неговиот противкандидат Петар Јанков и на ВМРО-ДПМНЕ. Преку својата изјава, тој упати честитки до победниците, но и благодарност до сите граѓани кои со години ја давале поддршката за визијата на неговата партија. Во продолжение ја пренесуваме […]