Загина тракторист од Дабиле

Вчера во 14:40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел., сооппштија од МВР. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото […]

Градоначалникот Костадинов им го честиташе почнувањето на образованието на првачињата

Денес во НУЦК „Антон Панов“, по иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, се одржа настан посветен на првачињата од струмичките основни училишта кои на 1 септември за првпат го пречекорија училишниот праг. Специјално за нив беше изведена театарската претстава „Пат околу светот“, на која и претходеше обраќање на градоначалникот Костадинов, со кое на првачињата им посака […]

Официјално почна со работа првата градинка во Босилово

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев денеска го одбележаа официјалното отпочнување со работа на градинката „Среќни насмевки“ во Босилово. „Градинката „Среќни насмевки“ e изградена и опремена со средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика во износ од 14 милиони денари во градежниот дел и […]

Србинот Симиќ генерален директор на АП Брера Струмица

Управата на ФК ,,АП Брера Струмица“ одлучи за генерален директор да го назначи Јован Симиќ од Белград соседна Србија, кој со своето искуство ќе придонесе за подигнување на стандардите во нашиот клуб на организациски, логистички но и резултатски план. Симиќ има повеќегодишно искуство на фудбалски план во Србија. Го има основано клубот „Миљаковац“ а претходно […]

Во Струмица се одржа трибина во рамки на кампањата „Ние

Струмица вечерва беше домаќин на отворената трибина Македонски труд – европска социјална политика во кампањата „Ние сме Европа“ којашто се одржа во Амфитеатарот во градскиот парк. Учесниците на трибината прв ги поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, кој во своето обраќање ги презентираше европските вредности кои Струмица одамна ги практикува. -Има ли поубаво место да се зборува […]

Градоначалникот Костадинов имаше средба со вицепремиерот Маричиќ и министерката Тренчевска

Градоначалникот Костадин Костадинов, попладнево имаше средба со  заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На средбата во неговиот кабинет разговараа на актуелни теми од работата на локалната и централната власт и взаемната соработка во областа на социјалната заштита и европските политики и перспективи. Со […]

Mузичко училиште „Боро Џони“ новата учебна година ја започнаа во

Учениците и вработените во основното музичко училиште „Боро Џони“ новата учебна година ја започнаа во нови и современи простории. Со реконструкцијата којашто започна во декември минатата година, надграден е уште еден кат со нови кабинети, училници, канцеларии и помошни простории, како и нов покрив и нова термо фасада на целиот објект. Градоначалникот Костадин Костадинов со […]

Видео: Изгаснат е пожарот меѓу Богданци и Дојран

Директорот на ЦУК, Атојанче Ангелов, објави дека е изгаснат пожарот меѓу Богданци и Дојран, кој избувна денеска на пладне во атарот на село Селемлија, во близина на границата со Грција. Фото: ЦУК

Во пожар во Костурино изгореа помошни простории од семејна куќа

Денеска во 12:40 часот, во село Костурино ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 7 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на помошни простории, информираа струмичките пожарникари. Пожарот бил во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон семејната куќа. Причинета е значителна материјална штета.

Струмица доби Центар за дневен престој на лица со попреченост

Со Центарот за дневен престој на лица со попреченост со вклучен индивидуален третман и Услугата индивидуален третман, општина Струмица ги збогати социјалните и инклузивните услуги, со што останува најинклузивната Општина во државата. Градоначалникот Костадин Костадинов, координаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, претседателот на Советот Марјан Даскаловски, […]