Глобалната музичка ѕвезда Џекс Џонс, регионалната сензација Бејби Лазања и легендарните Бајага и Инструктори се главните имиња кои ќе настапат на овогодинешната гала забава Get EXITed во Струмица. Големиот музички спектакл е закажан за 7 септември во Големиот градски парк, а влезот, како и секоја година, ќе биде слободен за сите посетители. Струмица по четврти […]
По три дена од неговото исчезнување, утрово успешно е пронајден струмичанецот Роберт Дрвошанов, кој е во добра здравствена состојба, инфомира Струмица денес. „Роберт Дрвошанов пред малку е пронајден жив и здрав. Ви благодариме на сите за вашата голема ангажираност, благодарение на сите вас успеавме да го лоцираме Роберт“, се вели во објавата.
МВР соопшти дека денеска во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58). Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од […]
Во рамките на континуираните мерки за заштита на јавното здравје, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион најавува спроведување на превентивна дезинсекција за контрола на популацијата на комарци. Активностите ќе се одвиваат на 15, 18 и 19 август 2025 година и ќе опфатат осум општини од регионот. Дезинсекцијата, која вклучува ларвицидна и теристична фаза, ќе […]
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци. На 04.08.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во неговиот дом и дворно место во село Стојаково, при што биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2.80м, марихуана, семки […]
На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на […]
МВР соопшти дека на 30.07.2025 во 16.25 часот во село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.У.(37) од село Тополница. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворното место биле пронајдени седум стебла од растението канабис и предмети за нивно одгледување, додека во куќата биле пронајдени 70 […]
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со општините Богданци и Ново Село официјално го потпишаа договорот за реализација на проектот „Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возила за општините Богданци и Ново Село“, со вкупна вредност од 8.039.172 денари, од кои основното финансирање е обезбедено од Министерство за локална […]
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил […]
На 25.07., 26.07. и 27.07.2025, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија за време на одржување на неколку манифестации на подрачјата на Гевгелија и Дојран презедоа мерки и активности за откривање на прекршоци од областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани две кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а, едно кривично дело „вршење јавен превоз без […]