Денес се навршуваат 13 години од еден од најцрните денови за Струмица – големиот шумски пожар на 23 јули 2012 година кај месноста „Двата пата“, каде што животот го загубија четворица храбри сограѓани. Огнената стихија, предизвикана од човечки фактор, имаше дотогаш невидени размери. Во таа битка со огнот, покрај пожарникарите, учествуваа и многу граѓани кои […]
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска ги објави кандидатите за градоначалници на Ново Село, Валандово и Радовиш. Во Ново Село за втор градоначалнички мандат ќе трча Петар Спасов, кој оваа функција ја извршуваше во мандадот 2009-2013, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов и во Радовиш Ристо Спасов.
Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Ленинова“ во Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а во станот бил пронајден починат З.А.(76) од Струмица. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, односно дека смртта настанала поради задушување од чадот. Увид на местото извршиле јавен […]
Јубилејното 20 издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица, од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со прикажување врвни и квалитетни филмови од различни жанрови и должини. Оваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за […]
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, осомничен за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти МВР, во периодот од 2 до 7 јули 2025, во атар на битолското […]
Попладнево во 15:27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице, соопштија струмичките пожарникари. Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите […]
-Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра. Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република, Инвестираме во станбени и сервисни улици, Обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.Ова не се само проекти – ова се конкретни […]
Вчера во 07:57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на […]
Синоќа во 23.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од патот и удрил во бандера. Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид […]
Денеска во просториите на Министерството за транспорт, градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, го потпиша Договорот за реализација на проектот „ Реконструкција на улица Петар Мусев во Богданци “, со кој општина Богданци учествуваше во Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестиционите проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, […]