Радовишанец и гевгеличанец возеле без важечка дозвола, возилата им се

На 23.02.2026 во 13:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Р.Р.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Р. и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Возилото е одземено, запознаен […]

Соопштени наградите од Главната карневалска вечер

Категорија А, карневалска маска со над  50 лица: I место/награда „Цветина свадба“ – СОУ„Јане Сандански“ Струмица (вкупно 489 поени) II  место/награда „Танцот на сонцето“ – СОУУД„ Димитар Влахов“ Струмица (вкупно  470 поени) III место/награда  „Вондерленд“ – „Газели“ (вкупно  461 поени) ·    Стимулативна награда за „Струмички чудесии“ – ДСУ  РЦСОО „Никола Карев“ Струмица (вкупно  379 поени) […]

Четири лица се сомничат за опожарување на џипот „ланд ровер“

МВР Соопшти дека на 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во […]

Опжарени два автомобила на улица „Браќа Миладиновци“ во Струмица

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, соопштија денеска од полицијата. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. […]

Фото: Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Планинари од ПК „Ентузијаст“ од Струмица денеска по 21 ти пат го почнаа маршот во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски. По поминати 200 километри, планинарите в четврток, на 26 февруари, денот кога загина претседателот Трајковски, ќе му оддадат почит на неговото вечно почивалиште на гробиштата Бутел во Скопје.

Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза

Душко Тимов и Даница Тимова се принцот и принцезата кои утревечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат карневалската поворка на Струмичкиот карневал 2026.Тие беа избрани на синоќешниот традиционален маскенбал кој се одржа во хотелот „Сириус“, а кој уште еднаш потврди дека им нема рамни на струмичани за организирање и одржување на забава […]

Гевгеличанка потешко повредена откако во неа удрил „ланд ровер“ додека

Вчера во 11:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Л.Р. од Гевгелија удрило во 77-годишната Б.Д. од Гевгелија, која туркала велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Д., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Извршен е […]

Кај струмичанец и струмичанка пронајден кокаин,го купиле од тетовчанец

СВР Струмица соопшти дека вчера во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници ги лишија од слобода П.Ш.(29) и С.Д.(24), двајцата од Струмица. При претрес во домот на П.Ш., извршен со судска наредба, во кој била затекната и С.Д., е пронајдено пакување со околу 100 грама кокаин. Во 14:30 часот во Струмиа е лишен од слобода и И.Б.(55) од […]

Струмичката библиотека ги додели наградите за литературни творби на тема

Во рамките на годинашните карневалски празнувања, денеска во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ беа доделени наградите на авторите на најдобрите литературни творби на традиционалниот награден конкурс на тема „Карневалската маска во мене“. На конкурсот вкупно пристигнале 113 творби и тоа 27 во категоријата ученици од основните училишта од I до V одделение, 40 творби во категоријата […]

„Севап Мерит“ со „Магелан“ ќе плови на Карневалот

Здружението „Севап Мерит“ продолжува да патува на Струмичкиот карневал. По низата успешни маски од минатите карневали, годинава оваа вредна група на Карневалот ќе плови со маската „Магелан под Царевите кули“. Како што не информираше Соња Цицимова од оваа карневалска група, која постои од 2016 година, изборот на годинашната маска го задржува трендот од претходните-да бидат […]