Граѓаните од село Муртино да поднесат барање до општина Струмица

Oпштина Струмица ги известува граѓаните кои се погодени од природната непогода – поплава од пороен дожд проследен со град и силен ветер од 06.06.2025 во с.Муртино, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица. Барањето може да се подигне од […]

Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот и пијте многу

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури со кои се соочуваме деновиве. Од ИЈЗ објаснуваат дека кога амбиенталната температура се приближува или ја надминува телесната температура од околу 36,7 степени, телото потешко се лади. Високата релативна влажност дополнително го попречува испарувањето на потта, со што […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повoд Курбан Бајрам

-Драги сограѓани од исламска вероисповед, Денес, на првиот ден од големиот празник Курбан Бајрам, во мое лично име Ви упатувам искрени честитки.Нека овој свет празник Ви донесе здравје, мир, радост и духовна исполнетост. Курбан Бајрам е симбол на пожртвуваност, хуманост и солидарност – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница.Поминeте го празникот во […]

Костадинов:Бараме 100 отсто обесштетување за штетите од вчерашното невреме во

-Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во Муртино. Како Општина веднаш формиравме Комисија за проценка и ги повикуваме сите засегнати жители и земјоделци од понеделник да ги пријават штетите во општинската зграда, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Но сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не […]

Полицијата апелира да се почитуваат прописите за паркирање

Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање […]

Костадинов: 100 деца добија вело легитимации

Каков прекрасен ден имавме денеска во Струмица. Нашите дечиња возеа на прекрасните велосипедски патеки по повод Светскиот ден на велосипедот.Општина Струмица продолжува посветено да работи на создавање на безбедна, достапна и пријатна средина за велосипедистите, особено за најмладите – а токму тие денес беа во центарот на нашето внимание, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. […]

Струмичките пожарникари се вклучија во потрагата по исчезнатиот Блажо Муртинлиев

Денеска, во попладневните часови, по барање на градоначалникот Костадин Костадинов, ТППЕ Струмица со неколку пожарникари-спасители, членови на тимот за пребарување и спасување активно се вклучи во претрагата на исчезнатиот Блажо Муртинлиев, чија траг се губи пред четири дена кога го напуштил својот дом. Со специјална опрема и термален дрон беа пребарани неколку тешко достапни локации […]

Одбојкарките вечерва против Луксембург во Европската сребрена лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во Струмица го пречекува Луксембург во воведниот натпревар од Европската сребрена лига. Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ во следните три викенди ќе одиграат шест натпревари на три турнири од кои два ќе бидат организирани од Одбојкарската федерација на Македонија во струмичката сала „Парк“. По вечерашниот дуел закажан со почеток […]

Маж, жена и ќерќа нападнати од зетот во струмичко

Маж од струмичко, неговата сопруга и ќерката биле нападнати од „неофицијалниот“ зет.  Како што соопштија од полицијат, вчера во 15.20 часот во СВР Струмица, Ѓ.Т.(54) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 14.50 часот во двор од семејна куќа заедно со неговата сопруга и неговата ќерка биле физички нападнати од П.Б., инаку вонбрачен партнер на […]

Костадинов:Реков дека ќе има ред во Струмица — и има!

-Не зборував за привиден ред, туку за суштински ред. Ред кој значи безбедност, законитост и почитување на институциите. Денес, таа порака е разбрана, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов по денешноти уривање на бесправно подигнати објектри на јавна површина. -Му благодарам на секој што ја сфати сериозноста – и на инспекциите, и на полицијата, и […]