fbpx

Полициски билтен:65 прекршоци за брзо возење, исчезната жена од Иловица,

На 26.11.2023 во периодот од 10:00 до 16:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 65 прекршување на брзината, од кои по 18 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Од […]

Ковачевски од Струмица: Згриживме над 300 деца во најголемата установа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, беше во посета на Јавната установа –детска градинки „Виножито’’, во Струмица, најголемата изградена установа за ран детски развој во државата, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјални услуги и Светска банка. Со премиерот Ковачевски, беа и министерката за […]

Костадинов:Струмица е на врвот против семејното насилство

Денеска е 25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. Ова не е ден за одбележување и празнување, туку ден кој потсетува дека имаме уште работа и како одговорни градоначалници и политичари, треба да направиме се за да ја подигнеме свеста и да ги заштитиме жртвите. Општина Струмица е на врвот во […]

Потешко повреден малолетен пешак во село Дабиле

На 23.11.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во сeло Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од село Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од село Дабиле, соопштија денеска од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди […]

Се одржа гастрономска вечер по повод Светската недела на италијанската

Вечерва во Струмица , во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ , во соработка со Амбасадата на Република Италија, а со поддршка на Општина Струмица прегу програмата „G-1“, се одржа настан по повод Светската недела на италијанската кујна и овогодинешната кандидатура на италијанската кујна за нематеријално културно […]

Изгоре стан во центарот на Струмица

Денеска во 16:36 часот, на улица „Васил Сурчев“, ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запален стан. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон другите простории и останатите станови. Попладнево струмичките пожарникари истовремено имале уште уште една интервенција во село […]

Заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусијен, кој беше во работна посета на Општината, соопштија од локалната самоуправа. -На состанокот  во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во […]

Полициски билтен: пронајдена марихуана, физички напад, каснување од куче скитник

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање […]

Известување од „Комуналец“ за снабдување со вода во Куклиш

Поради проблемот со водоснабдувањето кое се случи заради дефект на главна пумпна станица и нејзино менување со нова, во населеното место Куклиш деновиве ќе има цистерна со вода која ке биде присутна на разни локации низ населеното место со цел обезбедување на вода за основните потреби на населението.

Вистина #5 – да ги препознаеме можностите за заеднички успех!

Комерцијална ПР објава Ајде сите заедно конечно да ги отфрлиме вкоравените предрасуди и стереотипи, колективно да ја победиме и надминеме наметнатата песимистичка психоза на ноторни „лузери“ на кои ете никој не им мисли добро, а странските инвеститори или „клетите профитери“ само ги искористуваат за нивните лукративни интереси. Еден од најголемите и највлијателни научници на сите […]