Методија Пасков избран за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

 Методија Пасков избран за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Методија Пасков е избран за Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, соопштија денеска од струмичкото ВМРО ДПМНЕ.

-Одлуката донесена по предлог на Претседателот Христијан Мицкоски  е доверба која се базира на  долгогодишната  активност, посветеност и ангажман  на Методија Пасков во партиските структури, како и доверба во неговите професионални и организациски капацитети, стои во соопштението.

Методија Пасков е дипломиран информатичар. Во својата професионална кариера има  искуство во јавниот и приватниот сектор.

Во моментов ја извршува функцијата шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Струмица, каде активно учествува во координацијата на локалната самоуправа, институциите и спроведувањето на јавните политики.

Во ВМРО-ДПМНЕ е активен долгогодишен член, кој ги поминал  партиските структури – од младинските активности, преку месните комитети, до општинската организација. Неговото искуство и познавање на теренот претставуваат цврста основа за понатамошно унапредување на работата на Општинскиот комитет.

Методија Пасков е оженет и татко на две деца.

ВМРО-ДПМНЕ Струмица останува посветена на принципите на одговорност, единство и работа во интерес на граѓаните, со цел понатамошно јакнење на организацијата и создавање подобри услови за развој на Општина Струмица и Република Македонија.

Share via
Copy link