Јанков:Ги презентиравме новите возила и опремата која „Комуналец“ ја доби од Министерството за транспорт

-Денес заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица и во присуство на медиумите, пред јавноста ги презентиравме новите возила и опремата која претпријатието ја доби од Министерството за транспорт како заедничка заложба со Општина Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

-Станува збор за три возила од кои две се машини за метење и една цистерна кои со одлука од советот на општината и официјално ќе се предадат на користење на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Дополнително во текот на наредната недела треба да пристигне уште едно возило за собирање смест обезбедено преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион, а претходно за претпријатието, со донација од бизнис секоторот, е обезбеден и трактор со приклучна механизација.Нашите заложби се и во иднина како општина да продолжиме во подобрувањето на ресурсите со кои располага претпријатието се со цел да се испорачуваат поквалитетни услуги за сите граѓани и во сите населени места. Изразувам благодарност до Министерството за транспорт за возилата и за заложбите да приоднесат за одржување на хигиената и чистотата во нашиот град!, напиша Јанков на неговиот фејсбук профил.
Фото: Општина Струмица