Малолетен мотоциклист и сопатник потешко повредени во сообраќајка со трактор во Муртино
Малолетен мотоциклист и сопатник потешко повредени во сообраќајка со трактор во Муртино

Вчера во 12:30 часот во село . Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „имт 533“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(57) од село Муртино и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од село Банско, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач на мотоциклот и 14-годишниот сопатник на мотоциклот од село Банско.
Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
Фото: илустрација архива