Во Собранието, на предлог на опозицијата, Владата не го усвои барањето за финансиска помош од 10 ден/кг за куртовската капија, заедно со другите земјоделски барања, кои опозицијата ги присвои за свои политички поени. Владата засега нема слух ниту грижа за нас земјоделците, а опозицијата гледа уште една можност за политички поени.Ј АВНО СЕ ОГРАДУВАМЕ од […]
Tags : Муртино
Вчера во 12:30 часот во село . Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „имт 533“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(57) од село Муртино и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од село Банско, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач на мотоциклот и 14-годишниот сопатник […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Муртино, струмичко, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(23) од село Банско, струмичко, удрило во пешакот М.З.(85) од село Муртино, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, […]
На 15.07.2024 во 21.00 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово лишиле од слобода 24-годишен жител на валандовско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.30 часот во нивниот дом во Валандово физички го нападнал неговиот татко. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и по документирање на случајот […]
Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и членови на Советот на општина Струмица, денеска извршија увид во градежните активности во населеното место Муртино. -Во Муртино се асфалтираат 2 улици кои на собирите со граѓаните беа истакнати како приоритети, а ги реализираме и приоритетите на граѓаните и во Сачево каде е завршено асфалтирањето на една улица, утре […]
Струмичките пожарникари информираа дека синоќа во 22:15 часот во село Муртино со едно против пожарно возило возило и 5 пожарникари-спасители интервенирале на гасење на запалено патничко моторно возило и помошен објект. Пожарот бил во разгорена фаза и брзо по пристигнувањето е изгаснат и е спречено негово ширење кон останатите делови на објектот.
Денеска во 09:30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило, соопштија струмичките пожарникари. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење. Причинета е значителна материјална штета.
Во Oсновното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица денеска беше одбележан патрониот празник. Во присуство на гости и пријатели на училиштето, родители, вработени и ученици, за празникот зборуваше директорката Благица Устапетрова, а беше изведена и богата програма специјално подготвена за овој голем празник за училиштето. Денеска празнуваа и учениците и вработените во Oсновното општинско училиште […]
Денеска во 10:13 часот, во атарот на село Муртино, ТППЕ Струмица со 1 теренско против пожарно возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева. Пожарот е локализиран и ликвидиран веднаш по пристигнувањето.
Три лица се повредени во денешната сообраќајка која се случила на излезот од Муртино. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова автомобил марка „опел“ со струмички регистарски ознаки удрил во бетонски електричен столб. Повредените се пренесени на лекување во болницата во Струмица, а од полицијата повеќе детали за сообраќајката најавуваат за утре.