fbpx

Три лица повредени во сообраќајка кај Муртино

Три лица се повредени во денешната сообраќајка која се случила на излезот од Муртино.

Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова автомобил марка „опел“ со струмички регистарски ознаки удрил во бетонски електричен столб.

Повредените се пренесени на лекување во болницата во Струмица, а од полицијата повеќе детали за сообраќајката најавуваат за утре.

Share via
Copy link