Месно здружение на млади Муртино: НАШАТА МАКА НЕ Е ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА!
Месно здружение на млади Муртино: НАШАТА МАКА НЕ Е ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА!

Во Собранието, на предлог на опозицијата, Владата не го усвои барањето за финансиска помош од 10 ден/кг за куртовската капија, заедно со другите земјоделски барања, кои опозицијата ги присвои за свои политички поени.
Владата засега нема слух ниту грижа за нас земјоделците, а опозицијата гледа уште една можност за политички поени.Ј
АВНО СЕ ОГРАДУВАМЕ од секакви политички активности и осудуваме секаква злоупотреба на нашите изворни барања кои претходно ги упативме и писмено ги доставивме до владата.
НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НАШАТА МАКА ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА!
Сведоци сме како нашите пратеници и министри кои од нас земаат по неколку илјади евра плата месечно, секојдневно, комотно се препукуваат и обвинуваат по медиуми и партиски говорници собирајки политички поени на директна штета на земјоделецот без никакви решенија.
Во последните 35 години, секоја опозиција има неопишливо јаки мотиви за детекција и предлог решенија на проблеми се додека не дојде да биде власт. Така беше со сегашната влада, така беше и со сите претходни…а како што се развиваат настаните така ќе биде и за идните влади (ДОДЕКА СИТЕ СМЕ ТАКА ЗАСПАНИ!).
Престанете да се возите на грбот на земјоделецот!
Јавно апелираме, Владата да ги преиспита своите ставови и одлуки, сериозно да ја согледа проблематиката на градинарите и итно да креира решение за финансиска поддршка од 10ден/кг. Средства кои се неопходни да се амортизира овогодишниот колапс и подготовка за следна реколта.
МОРА ДА ЗНАЕТЕ дека ова е последната генерација (стара) на земјоделци кои живеат и работат, младите не остануваат да работат земјоделие во вакви мизерни услови, младите не дозволуваат да бидат манипулирани од неписмени поединци (пазарно и политички) кои за наша несреќа привремено ја имаат таа позиција и моќ да манипулираат.Ако ова продолжи вака, за 10 години ќе имаме тотален распад на македонското земјоделство. Ќе останеме целосно увозно зависна држава, без сопствено производство на храна.
Без земјоделец нема храна, а без храна нема држава. Не бараме милост, бараме држава што ќе ја заштити својата храна и своите производители!