Скопјанец со злоупотребени податоци на гевгеличанец подигнал кредит
Тројца тинејџери повредени во судар на два мотоцикли во Ораовица, возеле без дозвола

Вчера во 16:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во село Ораовица, радовишко, на место викано „Манастирско место“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од село Ораовица, радовишко и мотоцикл „хонда“ управуван од К.Т.(18) од село Подареш, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од мопедот, 16-годишник од село Ораовица, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што е констатирано дека двајцата возеле без возачка дозвола.
По целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.
Фото: илустрација архива