ПОКАНА ДО ГРАЃАНИТЕ И МЕДИУМИТЕ од ОК на ВМРО ДПМНЕ за одбележувањето на 36 години од формирањето на партијата

 ПОКАНА ДО ГРАЃАНИТЕ И МЕДИУМИТЕ од ОК на ВМРО ДПМНЕ за одбележувањето на 36 години од формирањето на партијата

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

По повод одбележувањето на 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 133 години од историското ВМРО, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица има чест и задоволство да Ве покани да присуствувате на свечената церемонија под мотото:

„МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗУВА“

Настанот ќе се одржи утре, 17 јуни, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток во 19:00 часот.

Стадионот ќе биде отворен за посетителите два часа пред почетокот на настанот, односно од 17:00 часот.

Ги замолуваме сите присутни да ги почитуваат протоколарните инструкции и насоките на организаторите во однос на паркирањето, влегувањето на стадионот и пристапот до трибините, со цел настанот да се одвива непречено и во најдобар ред.

Вашето присуство ќе биде чест и заедничко сведоштво за почитта кон традицијата, историјата и вредностите кои нè обединуваат.

Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица
Претседател 

Методија Пасков

Share via
Copy link