Мицкоски: Здравството е нашиот фокус, реконструирана е ЈЗУ Општа Болница Струмица
Мицкоски: Здравството е нашиот фокус, реконструирана е ЈЗУ Општа Болница Струмица

„Добар ден и од мене почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, колеги, за мене претставува особена чест и задоволство кога ќе можеме да присуствувам на ваков настан, бидејќи почнуваме нешто ново нешто убаво.
Кажа и директорот, 40тина години се чекаше да случи ова што денеска се случува, нормално сега треба последната рака на средување да се случи што е мало доопремување коешто очекуваме да заврши до крајот на август и конечно веќе да речеме од почетокот на септември целосно да биде објектот пуштен во употреба.

Како влада нашата задача е да ги испорачаме сите оние обврски коишто сме ги зеле пред граѓаните, многу проекти, секојдневно проекти или почнуваме или завршуваме, сакаме да го завршиме сето она коешто е почнато, тоа што го почнавме исто така да го завршиме да поставиме линија за да знаеме потоа во која насока да се движиме и како општини и како држава, она коешто е за нас поважно.
https://www.youtube.com/live/V8DJaonKKFU
Во здравството прилично многу имаме фокус, сите оние реформи коишто ги правиме до сега сите оние инвестиции коишто ги правиме до сега се навистина проекти коишто го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.
И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи, завршена е јавната, односно оној процес на барање на меѓународни финансиери за проектите коишто исто така се почнати како што е Клиничката болница во Штип, заедно со студентскиот дом и новата зграда на Медицинскиот факултет.
Потоа зградата во Кичево, здравствениот дом заедно со проширената дејност таму и Клиничката болница во Тетово, а веќе во некоја следна фаза размислуваме и го развиваме проектот за голем клинички центар во Скопје на локација за којашто веќе зборувавме.
Ја користам оваа прилика да ве информирам граѓаните во овој дел од Македонија дека ќе биде објавен тендерот за физибилити и проектно решение на изведба на експресен пат којшто ќе ги поврзува општините Радовиш и Струмица во текот на оваа недела значи постојниот ќе биде проширен, а потоа ќе се конечно тој пат поврзе со оној пат којшто треба да ја поврзе Струмица со нашиот источен сосед со што ќе добиеме уште едно поврзување како дел од коридорот 8 со нашиот источен сосед.
После она поврзување коешто го направивме од Страцин до Крива Паланка исто така отпочнуваме со реализиција на проектот Романовце-Страцин, вториот дел е веќе отпочнат односно распишана е јавна набавка за физибилити студија и проектно решение на експресен пат којшто ќе ги поврзе Кочани и Виница со Делчево, и сега останува да се надоврзе и отсечката Радовиш-Струмица и граничен премин кон Бугарија.
Така што, сето ова коешто со децении се очекуваше се отпочнува, се раздвижуваат работите, целта ни е да ги реализираме нашите стратешки цели и мислам дека на добар пат сме.
Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на директорот овде, на болницата во Струмица за посветената работа, за сето она коешто го прави изминатиот период, да се заблагодарам на мојот колега од владата министерот за здравство, на директорот на фондот за здравствено осигурување, на пратениците коишто доаѓаат од струмичкиот регион коишто секогаш се борат за проект повеќе да имаме овде изработено, градоначалниците се разбира од струмичкиот регион коишто исто така со својата посветеност посветуваа големо внимание и најголема благодарност до персоналот овде во болницата, до лекарите, медицинскиот персонал којшто и покрај предизвиците на времето успеа да дочекаат еден ваков објект да стане реалност и да можат да го користат.
Јас секогаш велам, малку помалку да имаме од вообичаено корисници на овој објект, тоа значи дека сме поздрава нација, но тие коишто ќе го користат овој објект да го користат во современи, европски услови какви што се овие сега тука. “