Струмичкиот театар учествува на Меѓународен фестивал во Бугарија

 Струмичкиот театар учествува на Меѓународен фестивал во Бугарија

Театарот  „ Aнтон Панов“- Струмица со претставата „ Мизантроп ” од Молиер, ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал „Нови отворени сцени +“ во Стара Загора, Република Бугарија.

Претставата ќе биде изведена денеска со почеток во 20:30 часот, во конкуренција на продукции од Романија, Србија, Германија и Бугарија.

-„ Мизантроп ” претставува современо сценско читање на безвремското дело на Молиер, кое преку остроумната сатира ги преиспитува односите меѓу искреноста, личемерието и општествените норми, се наведува во информацијата од Театарот.

Во претставата настапуваат: Ванчо Василев, Анкица Бенинова, Стојан Велков, Кољо Черкезов, Васка Ангелова, Јулија Милкова, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.

Учеството на фестивалот претставува значајна можност за меѓународна афирмација на ансамблот и за претставување на македонската театарска уметност пред поширока публика.

Share via
Copy link