Од 3 до 5 декември, градоначалникот Костадин Костадинов ќе им се придружи на градоначалниците, локалните лидери и меѓународните партнери на петтиот Глобален Самит на Силни градови, во Кејптаун, Африка. Овој важен настан, организиран од Мрежата на силни градови и градот Кејптаун, а спонзориран од Министерството за надворешни работи на Данска, Европската Унија и Стејт департментот […]
Во акцијата за чистење на дивите депонии која започна пред два дена се исчистени дивите депонии во Муртино и Банско. Со механизација и камиони само од депонијата во Муртино е подигнато 320 кубни метри отпад кој е депониран во депонијата „Шапкар“. -Во текот на наредната недела продолжуваме со чистење и на другите диви депонии низ […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Муртино, струмичко, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(23) од село Банско, струмичко, удрило во пешакот М.З.(85) од село Муртино, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, […]
Изведбата на претставата „Вујко Вања“ од Чехов, во режија на Дејан Ангелов, која ќе се одигра вечер со почеток во 20 часот, ќе ѝ биде посветена на долгогодишната актерка на струмичкиот театар Тинка Ристеска, која своето театарско патешествие како уметник го започнала уште во далечната 1969 година. Претставата, во која и таа самата игра, ќе […]
Вчера во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 17:30 часот на регионален пат Р 1401, на место крстосница „Страиште“, валандовско, товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди, на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од […]
Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија оттаму денеска. -Посебен акцент ќе се даде […]
ПР објава Новиот трговски центар Гевгелија Мол, кој се подготвува да ги отвори своите врати во летото 2025 година, ветува да стане вистински симбол на модерниот животен стил на југот на Македонија. Со уникатниот концепт и внимателно осмислените содржини, овој мол нуди многу повеќе од класично шопинг искуство. Еве пет причини зошто Гевгелија Мол ќе […]
Денеска ЈПКД „Комуналец“ изврши редовно чистење на таложникот на зафатот на вода од река Водочница од кој се снабдува филтер станицата за вода на населеното место Банско. -По неговото чистење извршено е и негово хиперхлорирање како и хипехлорирање на целиот цевковод кој ја носи водата до филтер станицата која го снабдува nаселеното место Банско и […]
На 25.11.2024 во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка село Прдејци до клучка село Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. […]
На 25.11.2024 во 19.00 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(30) од село Ново Село затоа што кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Д.П. […]