„Комуналец“ изврши редовно чистење на таложникот за снабдување со вода

Денеска ЈПКД „Комуналец“ изврши редовно чистење на таложникот на зафатот на вода од река Водочница од кој се снабдува филтер станицата за вода на населеното место Банско. -По неговото чистење извршено е и негово хиперхлорирање како и хипехлорирање на целиот цевковод кој ја носи водата до филтер станицата која го снабдува nаселеното место Банско и […]

Гевгеличанка загинала во сообраќајка откако излетала со возилото

На 25.11.2024 во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка село Прдејци до клучка село Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. […]

Кај двајца жители на Ново Село полицијата пронајде марихуана

На 25.11.2024 во 19.00 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(30) од село Ново Село затоа што кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Д.П. […]

Костадинов: Струмица и денеска докажа дека е општина–македонски лидер на

-Го имав задоволството и честа да присуствувам на настанот: „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата – Отворање на Подрачното одделение на центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Струмица“ во организација на СОС Детско Село – Скопје. За ова подрачно одделение, Општина Струмица обезбеди простории во Повеќенаменскиот социјален центар.Во знак на благодарност за добрата […]

Лекар во Гевгелија нападнат од возач на Итна медицинска помош

МВР соопшти дека вчера во 17:30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Jугоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, успешно го реализираше проектот „Енергетски ефикасен регион“ за изградба на фотонапонски централи за општините Радовиш, Конче и Василево, за што на 22.11.2024 година одржа и промотивен настан. На настанот присуствуваа mинистерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалниците на општините вклучени во проектот, претставници од Министерството и проектната канцеларија, […]

Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на

На 23.11.2024 на подрачје на Струмица полициски слуижбеници од СВР Струмица извршиле контрола над патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(47) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(41), патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Д.(44) од село Пиперево, струмичко, патничко возило „мерцедес“ со струмички […]

Изгореа покрив и спрат во пожар во куќа на улица

Денеска во 09:31 часот на улица „Спиро Захов“, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запален спрат и покрив од семејна куќа, информираа струмичките пожарникари. Пожарот е навремено локализиран и ликвидиран при што е спречено истиот да се прошири и направи поголема материјална штета. Фото: ТППЕ Струмица

Етички стандарди во новинарството: Работна средба на ЗНМ со медиумските

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организираше средба со новинари и медиумски работници од регионалниот центар на ЗНМ од Струмица. На настанот присуствуваа новинари и сниматели од локални и регионални медиуми од Велес и Струмица, кои дадоа свој придонес во дискусиите за современите предизвици и етичките стандарди во новинарската професија во пресрет на изработка на […]

Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од

МВР соопшти дека вчера во 08:35 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.Н.(65) од село Добрејци, струмичко, кај кого при преглед била пронајдена марихуана и семки од растение. Врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, бил извршен претрес во домот во кој престојува лицето, во село […]