fbpx

Авионска дезинсекција против комарци на 25 и 26 јули

 Авионска дезинсекција против комарци на 25 и 26 јули

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека во деновите 25 и 26 јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

На 25.07.2022 (понеделник), во општините Струмица и Гевгелија,

На 26.07.2022 (вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во периодот од 04:30 до 10:00 часот.

Share via
Copy link