ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Без документи комбиња од Струмица возеле патници надвор од државата
Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња што вршеле меѓународен превоз на патници без документација.
Станува збор за возила управувани од Т. В. (25), П. В. (50), Ч. Т. (28) и М. П. (33) – сите од Струмица, информираат од МВР.
Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамките на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистување на случаите.